Трилер победа на Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Последната средба од денешната програма од осмото коло во Премиер Лигата понуди доста драматична средба помеѓу Манчестер Јунајтед и Њукасл која му припадна на домаќинот со 3:2.

Њукасл одигра одлично прво полувреме, кое го доби со 2:0, но Манчестер Јунајтед возврати со феноменално второ полувреме во кое постигна три гола, а голманот на гостите, Дубравка спречи „ѓаволите“ да постигнат уште некој гол.

Кенеди и Муто погодија во седмата и десеттата минута за потопување на фановите на „Олд Трафорд“.

Манчестер Јунајтед со головите на Мата, Марсијал и Санчез стигна до победа која сигурно ќе му ја зачува тренерската работа на Жозе Мурињо.