Верувале или не: Мурињо е најдобар тренер во историјата на Јунајтед (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо, најмногу се израдува на победата против Њукасл.

Мурињо беше под притисок и се соочуваше со отказ доколку го загубеше натпреварот, но тоа не се случи.

Јунајтед губеше со 0-2, но некако успеа да направи целосен пресврт и да ги освои трите бодови.

Според најновите статистики на „Скај Спортс“, верувале или не, Мурињо е најуспешен тренер во историјата на Јунајтед.

На тој начинн Мурињо го премина легендарниот Сер Алекс Фергусон во процент на победи за 0,3%.