Познат составот со кој Македонија ќе се спротивстави на Лихтенштајн


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Репрезентацијата на Македонија е голем фаворит на средбата против Лихтенштајн што ќе се игра вечерва со почеток од 20:45 часот.

Веќе е познат и составот со кој нашата репрезентација ќе се спротивстави на тимот на Лихтенштајн. На голот ќе биде Димитриевски, во одбраната ќе бидат Зајков, Муслиу,Бејтулаи и Алиоски.  Средниот ред го сочинуваат Елмас и Барди, по крилните позиции ќе дејствуваат Трајковски и Хасани, а во нападот најистурени ќе бидат Пандев и Несторовски.