Кеси посакуван од еден гигант и неколку клубови од Кина


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од таборот на Милан ќе се соочат со трансфер напади за услугите на нивниот играч од средниот ред, Франк Кеси.

За  21 годишниот интернационалец од Брегот на Слоновата Коска постои интерес од таборот на ПСЖ, како и од редовите на неколку кинески клубови. Најсериозни во намерата да го донесат Кеси биле од тимот на Бежинг Гуоан.

„Тутомеркатовеб“ пренесува дека на адреса на Кеси стигнала екстра богата понуда од Бежинг со која би заработувал по неверојатни десет милиони евра годишно.

ПСЖ исто така го посакува играчот во своите редови но не е подготвен да одвои толку голема сума кога во прашање е платата.