Кирјос ја заврши сезоната поради повреда!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Откако вчера го предаде дуелот против Мирза Башиќ во рамки на турнирот во москва, Ник Кирјос реши да ја заврши сезоната.

Повредата на лактот беше поголема од желбата за тенисот, па така 37. тенисер на АТП-листата, Кирјос донесе конечна одлука.

„Решив да ја завршам сезоната, да заминам дома и да се подготвувам за наредната сезона“, порача Кирјос.

Овој 23-годишен тенисер е во групата играчи кои некогаш не се премногу „загреани“ за игра, но кога има таква желба, тогаш уживаме во одличен тенис.