Ибрахимовиќ повторно погоди, ЛА Галакси на чекор од доигрувања


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Лос Анџелес Галаксии синоќа во гости ја победија Минесота со 3:1, а во листата на стрелци повторно се запиша Златан Ибрахимовиќ.

До завршувањето на регуларниот дел од сезоната преостанува уште само едно коло и на Галакси им треба победа како би биле дел од плеј офот. Синоќа екипата од Лос Анџелес гостуваше во Минесота каде славеа полесно од очекуваното со 3:1.

Главен на сцената повторно беше Ибрахимовиќ кој во 30тата минути ги одведе гостите во предност со својот 22ри гол оваа сезона. На почетокот на другиот дел Галакси во една минута постигнаа два гола. Мрежата на Минесота прво ја затресе Камаса за 0:2, a на 0:3 зголеми Алесандрини.

Само две минути подоцна Минесота успеа да го намали резултатот , а конечниот резултат од 1:3 го постави Родригез.

Галакси е на седмата позиција со 48 бодови, а пред нив е Реал Солт Лејк кој е на место за плеј офф и од Галакси има еден бод повеќе. Но, Реал Солт Лејк нема повеќе натпревари, сега само е во исчекување како ќе игра Галакси против Хјустон Динамо.