Лопетеги со прва изјава по најавите дека ќе биде сменет


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Менаџерот на Реал Мадрид, Жулен Лопетеги на прес конференцијата пред натпреварот со Викторија Плзен истакна дека неговиот тим ќе се бори за да ги сврти работите во позитивна насока.

„Ако очекувате да видите ’скршен’ тренер, не гледајте кон мене.  Напротив јас сум возбуден, амбициозен и со нетрпение го очекувам утрешниот натпревар, кој ќе биде одличен.

Тоа што го научив за овој тим е тоа дека е клуб кој се бори, тоа е во клупската ДНК. Знаеме дека резултатите не се одлични, но ќе ги свртиме работите во позитивна насока. Ќе се бориме до крај“- коментираше Лопетеги.