На Иско му „пукна филмот“: Зарем треба да плачеме по Роналдо?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот фудбалер и ѕвезда на Реал Мадрид, Иско, на прес-конференцијата зборуваше за проблемите на екипата пред дуелот против Викторија Плзен.

Шпанскиот фудбалер имаше што да каже на темата за Кристијано Роналдо, иако најверојатно му се здосади да зборува за тоа.

„Ми недостига ли Роналдо? Ми недостигаат Карвахал, Бејл… Имаме во екипата многу талентирани играчи и нема смисла да плачеме за Роналдо“, кажа Иско.

Шпанецот доби прашање и за тренерот Хулен Лопетеги, кој се соочува со отказно решение.

„Би било лудост да се менува тренерот во овој моемнт. Лопетеги ја има мојата поддршка, а не сум единствен, зашто сите играчи го поддржуваат“, објасни Шпанецот.