Официјално: Реал Мадрид ја соопшти одлуката за иднината на Лопетеги!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид не игра најдобро сезонава и во Ла Лига освоија само еден бод на последните четири средби, па му се подготвуваше отказ на тренерот Хулен Лопетеги.

„Кралевите“ против Викторија Плзен ја запишаа првата победа по 22. септември и триумфот против Еспањол во Ла Лига.

Сепак, победата во Лигата на шампиони ги смири страстите, но сега пред нив се наоѓа најголемиот можен предизвик, а тоа е дуелот против Барселона.

„Лопетеги ќе го предводи тимот во ‘Ел Класико’. Во ваквите ситуации мора да се остане мирен и да се верува на фудбалерите. Натпреварот во недела е голем мотив за нас. Имаме голема самодоверба и ќе одиграме добар натпревар во Каталонија“, соопштија од управата на „кралскиот клуб“.