Рамос ги смири страстите во Мадрид и го откри рецептот за успех!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, даде интервју за шпанските медиуми на три дена пред големото „Ел Класико“, кое се игра во недела на „Камп ноу“.

„Нашите вредности се подобри претставени кога работите одат во погрешниот пат. Ние сме во моментов на вистински пат, на кој ќе треба многу да работиме. Мора да останеме заедно и тоа е рецептот за успех“, кажа Рамос.

Претседателот Флорентино Перез го пофали Рамос и објасни зошто тој е лидер на тимот.

„Беше навистина одлично да го купиме во 2008. година. Тој порасна на ‘Сантјаго бернабеу’ заедно со Реал Мадрид и во моментов е легенда, која има постигнато многу успеси“, кажа Перез.

Реал Мадрид ќе се обиде да се врати на победнички патеки, откако веќе неколку натпревари се соочи со очајни резултати.