„Не ми се верува, избегав од Англија поради Конте и Мурињо, а сега еден од нив доаѓа во Мадрид“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Белгискиот голман Тибо Куртоа не е среќен што на клупата на Реал Мадрид би можел наскоро да пристигне Антонио Конте или Жозе Мурињо.

Актуелниот тренер на Реал Мадрид, Хулен Лопетеги, се наоѓа во тешка ситуација, зашто запиша неколку порази во Ла Лига и Лигата на шампиони.

Шпанските медиуми пишуваат дека Куртоа им се жалел на соиграчите во соблекувалната бидејќи од Англија избегал токму поради двајцата споменати тренери.

„Не можам да верувам. Овде сум единствен играч, кој работеше со Конте и Мурињо. Заминав од Лондон за да не доживеам такво нешто, а сега се шпекулира дека еден од нив може да пристигне во Мадрид“, им кажал Куртоа на соиграчите.

Шпанците пишуваат дека Куртоа се надева дека во трката за нов тренер на Реал Мадрид би можел да победи селекторот на Белгија, Роберто Мартинез.