„АС“: Ех, Модриќ да постигнеше гол во 56. минута… (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид е во голема криза, откако денеска беа декласирани од Барселона со 1-5 на „Камп ноу“ во десеттото коо од Ла Лига.

Во „Ел Класико“ Луис Суарез постигна хет-трик, по што Барселона сега има седум бодови предност пред „кралевите“, а Хулен Лопетеги се наоѓа на работ на отказ.

Лука Модриќ одигра цел натпревар за Реал, кој го доживеа третиот најголем пораз во последната деценија од Каталонците.

„Модриќ не играше како што треба во првите 45 минути. Но, се подобри во вториот дел и во првите 20 минути играше многу добро со Иско и Крос. Се обиде да го освести тимот и во тие моменти Реал беше подобар. Модриќ во 55. минута не успеа да погоди од далечина за 2-2. Ако погодеше, тогаш можеби крајот ќе беше поинаков“, пишува „АС“.

Реал се наоѓа во тешка ситуација бидејќи во последните седум натпревари имаат дури пет порази, една победа и едно реми.