Ривер плејт се предомисли: Аргентинците ќе играат во Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалскиот клуб Ривер плејт на својата официјална веб-страница најави експедиција на аргентинскиот клуб во среда, кога ќе патуваат кон Мадрид за реваншот во финалето од Копа Либертадорес против Бока јуниорс, кој се игра на деветти декември.

Управата на КОНМЕБОЛ реши Суперкласико да се пресели од Аргентина во Шпанија, по нападите на навивачите на Ривер на автобусот на Бока пред реваншот, кој требаше да се одигра на 23 ноември на „Монументал“ во Буенос Аирес.

Управата на Бока бараа Ривер да добие дисквалификација, но КОНМЕБОЛ реши да не го направи тоа и да ги казни само парично.

Клубот на навивачи на Ривер во Мадрид побара од своите фанови да се однесуваат цивилизирано и да избегнат инциденти пред реваншот.