Солзи во очи кај фудбалерите на Бока: Ривер ја освои Копа Либертадорес! (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вечерва се одигра големиот спектакл помеѓу Ривер плејт и Бока јуниорс на „Сантијаго бернабеу“ во Мадрид, а средбата ја доби Ривер со 3-1.

Дарио Бенедето погоди за водство на Бока од 1-0 во 44. минута од средбата, но во второто полувреме, во 68. минута Лукас Прато израмни на 1-1. По што мечот остана израмнет во регуларните 90 минути, па мораше да се играат продолженија.

Бока во продолженијата тргна многу лошо, откако Бариос доби втор жолт картон и беше исклучен, но некако издржаа 15 минути фудбалерите на Бока.

Сепак, во вторите 15 минути немаа повеќе сила и Ривер преку Хуан Кинтеро и Гонзало Мартинез стигна до конечните 3-1 и освојување на трофејот во Копа Либертадорес.