Навивачите на Интер стравуваат: Валверде отворено околу тоа дали Меси ќе настапи во вторник


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Барселона лесно се поигра во саботата против градскиот ривал Еспаљол. Избраниците на Валверде уште еднаш ги воодушевија своите навивачи, а Меси брилијираше кој постигна два голови од слободни удари.

Во Барселона веќе се свртени кој дуелот од ЛШ против Тотенхем. Овој меч за Барса не значи ништо, но Валверде сака три нови бодови.

На прашањето дали ќе излезе со најсилниот соста и дали во тимот ќе биде Меси, тренерот на Барса даде јасен одговор.

„Дали ќе игра Меси? Тоа ќе го знаеме во вторник. Како и да е, им ветувам на Интер дека мојот тим ќе оди на победа, со Меси или без него. Овој клуб ја почитува Лигата на шампионите и сака да го добие секој натпревар во ова натпреварување. Ние играме за себе, не за Интер“, јасен беше Валверде.

Интер покрај својот домашен меч против ПСВ, ќе го следи и натпреварот во Шпанија, надевајќи се дека Барса ќе победи. Интер и Тотенхем имаат по седум бодови во моментот, Барселона 13, додека ПСВ има само еден.