Пеле изјави дека Меси не е ни приближно добар колку него, а потоа стигна одговор од Барса


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Пеле повторно успеа да подигне прашина, а овој пат мета не му беше Диего Марадона, туку Лионел Меси.

Легендарниот Бразилец изјави дека е глупаво што многумина го споредуваат со Меси, бидејќи тој верува дека играчот на Барселона ни приближно не е добар фудбалер како што тој бил.

„Меси најдобар на сите времиња? Не знам како воопшто можете да не споредите. Јас кој еднакво добро играв со Глава, лева и десна нога и играч кој има само една нога и една финта, тој не знае да игра воопшто со глава“, рече Пеле.

Меси не се огласи во јавноста после оваа изјава на Пеле, но за тоа се погрижија неговите фанови. Но, откако Меси брилијираше на мечот со Еспаљол, од Барса одлучија преку Твитер да му одговорат на Пеле.

Тие објавиа видео од загревањето на Меси пред мечот, а нивниот коментар беше „Тој има само една финта“.