Касано без пардон му одговори на Роналдо: Не ми е јасно, што ќе прави Меси во Италија?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Јувентус, Кристијано Роналдо, вчера се најде во центарот на вниманието во фудбалската јавност откако даде изјава на сметка на Лео Меси.

Португалецот летово на изненадување на многумина го напушти Реал Мадрид и потпиша за Јувентус каде за кратко време стана еден од најважните играчи. Роналдо вчера изјави дека играл во четири европски лиги со што го повика својот Ривал Меси, кој во кариерата настапуваше само за Барселона.

„Не ми недостасува Меси. Можеби јас нему му недостасувам. Играв во Англија, Шпанија, Португалија, сега играм во Италија, а тој се уште е во Шпанија. Можеби јас нему сум му попотребен. Би сакал еден ден да дојде во Италија и да прифати предизвик, како што јас тоа го направив. Меѓутоа, ако е среќен само во Барселона јас тоа го почитувам“, истакна Роналдо.

По оваа изјава се огласи и бившиот италијански фудбалер, Антонио Касано, кој порача дека не му е јасно зошто Меси би требало да дојде во Италија бидејќи веќе е најдобар играч на светот.

„Не разбирам зошто Меси тоа би го направил? Тој игра во еден од најголемите клубови на светот и не ми е јасно зошто мора да дојде во Италија како што вели Роналдо. Секако, би ми било драго да дојде, но постои тука проблем. Интер мора да ги продаде сите играчи што ги има за да го донесат“, вели Касано.