Официјално: Манчестер јунајтед го отпушти Мурињо! (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Жозе Мурињо повеќе не е тренер на Манчестер јунајтед, откако доби отказ од управата на клубот по лошите резултати кои ги запиша англиската екипа.

Португалецот со Јунајтед ги освои Лига Купот и Лига Европа, но сезонава играат ужасно, па имаат 19 бода помалку зад лидерот Ливерпул, од кого загубија со 1-3 на „Енфилд“ во неделата.

„Ќе вработиме привремен тренер до крајот на сезоната, додека се обидуваме во лето да најдеме нов тренер за клубот. Ние сакаме да му се заблагодариме на Мурињо за неговата работа додека беше во Јунајтед и му посакуваме успех во иднина“, соопштија од Јунајтед.