Кобникот на Мурињо има само едно име – Јирген Клоп!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Отказот на Жозе Мурињо е спортска информација која дефинитивно ќе го одбележи крајот на 2018. година.

По серијата лоши резултати и губењето на поддршка, Манчестер Јунајтед го смени Жозе Мурињо кој овој клуб го предводеше во последните две и пол години.

Јунајтед во последно време загуби многу дуели, но на крајот испаѓа дека на Жозе Мурињо му пресуди поразот од Ливерпул 3:1, поточно Јирген Клоп кому не му е први, а ниту вторпат да го „промени“ Португалецот.

Жозе Мурињо работата во Реал Мадрид ја загуби дел поради елиминацијата во полуфиналето во ЛШ сезоната 2012/13, кога Клоп ја предводеше Борусија Дортмунд. Германскиот великан го совлада Реал со 4:1, го елиминираше Реал и му зададе голем удар на Мурињо кој нешто подоцна го чинеше работна позиција.

Клоп две години подоцна и вторпат на Мурињо му донесе крај, овојпат во Челси. На крајот од 2015. година, Ливерпул го совлада Челси со 3:1 што го раздрма Роман Абрамович, кој на Португалецот брзо потоа му врачи отказ.