Марсело проговори за заминувањето на Мурињо од Манчестер Јуанјтед


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Жозе Мурињо од денеска и официјално повеќе не е на чело на Манчестер Јунајтед, а претходно оваа година се споменуваше негово изненадувачко враќање во Реал Мадрид.

Играчот кој играше под водство на Мурињо во Реал Мадрид, Марсело истакна дека тоа што Португалецот во моментов е без клуб е голема штета за величина како него.

„Неговото отпуштање е голема штета затоа што тој е одличен тренер и да биде без клуб е жално. Не е до мене да кажувам дали треба да дојде во Реал Мадрид но го ценам тоа што Мурињо го направи за мене во овој клуб“- коментираше Марсело.