После Клоп, се огласи и Гвардиола: Не се грижам воопшто за Мурињо…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола истакна дека му е жал поради отказот на Жозе Мурињо, во ривалскиот Манчестер Јунајтед.

Мурињо вчера беше отпуштен поради најлошиот старт на клубот во 28 години во Премиер лигата.

„Кога тоа се случува, тажен сум поради тренерот. Кога ситуацијата не е добра, ние сме сами. Близок сум со сите тренери. Тоа се случува во фудбалот, но кога резултатите не се добри, можете да бидете отпуштени“, истакна Гвардиола за Скај.

Шпанскиот тренер додаде дека не е загрижен за Мурињо.

„Секако дека не сум му потребен, тој е силен. Му посакувам се најдобро и наскоро да и се врати на работата“, посочи Гвардиола.

Јунајтед денес потврди дека екипата до крајот на сезоната ќе ја предводи една од клупските легенди, Солскер.