Таен собир во соблекувалната на „Олд Трафорд“: Еве кој му пресуди на Мурињо, а кој единствено беше до крај со него?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Британски Дејли Мирор открива дека во смената на Мурињо учествувале и фудбалери на Манчестер Јунајтед и тоа директно.

Како што се наведува потпретседателот на славниот клуб од „Олд Трафорд“, Ед Вудворд закажа таен состанок со играчите за да го слушнат нивното мислење дали треба да му се врачи отказ на Мурињо.

Од сите фудбалери на Манчестер Јунајтед, само двајца гласале за останување на Мурињо додека сите останати сметале дека залужил да биде сменет.

За останување на Мурињо гласале само Ромелу Лукаку и Немања Матиќ, двајцата фудбалери кои токму Португалецот ги донесе на „Олд Трафорд“.

Исто така, како што се наведува фудбалерите на Манчестер Јунајтед дури и го прославувале отказот на Мурињо. Славењето било предводено од Погба, кој беше во лоши односи со својот доскорошен тренер, а кога Вудворд ја најавил новоста, фантастичниот играч за врска се фрлал кон своите соиграчи.

„Никој не сака да види некој да остане без работа, но на тренингот потполно беше поинаква атмосферата од вообичаено. Играчите се смееја, беа среќни, а атмосферата во еден ден се промени како ден и ноќ“, вели извор од Јунајтед за Мирор.