Мурињо проговори првпат по отказот: Ова се неговите први зборови за медиумите (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Нешто повеќе од 24 часа откако беше обелоденето дека го напушта Манчестер Јунајтед, стигна и првата реакција од страна на Жозе Мурињо.

Вчерапниот ден почна со ударна вест од „Олд Трафорд“. Јунајтед се огласи со соопштение во кое е наведено дека Жозе Мурињо повеќе не е менаџер на славниот тим.

Многу брзо, „Специјалниот“ се спакува, ја напушти хотелската соба во која направи сметка од преку половина милион фунти и замина во Лондон.

Во пресрет на напуштањето на хотелот не даваше изјави за медиумите, а ниту денес не беше претерано речит, кога се сретна со претставници од медиумите кои го чекаа пред куќата.

Новинарот на „Скај Спорт“ се обиде да извлече нешто повеќе од Мурињо, но „Специјалниот“ проговори неколку реченици.

„Можам да прошетам или не?“, беше првото што Мурињо низ насмевка го истакна на репортерот кој со микрофон во рацете му пријде.

„Немам што да кажам, ме знаете. Доколку сакате да прошетаме заедно да одиме до Батерси. Немам проблем со тоа“, додаде Мурињо.

Запрашан дали може да открие какви му се плановите за во иднина, некогашниот менаџер на Јунајтед остана доследен.

„Немам што да кажам. Чао“, порача Мурињо.

Веќе денес во многу медиуми се појавија разни шпекулации околу тоа каде Португалецот ќе ја продолжи кариерата.

Многумина типуваат на Интер, други пак, тврдат дека Реал Мадрид повторно го сака на клупата, а она што сигурно го знаеме дека на Мурињо нема тешко да му падне отказот бидејќи на банкарското конто ќе му легнат 30 милиони фунти на име на обештета и бонуси за пласман во осминафиналето во Лигата на шампионите.