Навивачите зачудени: Англичаните открија зошто Мурињо го избркал Гигс од Јунајтед


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Португалскиот тренер Жозе Мурињо вчера доби отказ од Манчестер јунајтед по серијата лоши резултати во претходните недели.

Управата на Јунајтед решија да му се заблагадарат за соработката, која траеше повеќе од две години. „Црвените ѓаволи“ играат многу полошо од очекуваното, па целата ситуација кулминираше по поразот од Ливерпул.

Да потсетиме, во 2016 година Мурињо го замени Луј Ван Гал и прво што направи е го избрка Рајан Гигс од клубот.

Навивачите се налутија поради тоа, но Мурињо никогаш не сакаше да ги открие причините за тоа. Но, сега информациите се појавија на површина, откако „Тајмс“ успеа да ги дознае вистинските причини за заминувањето на Гигс од „Театарот на соништата“.

Гигс до заминувањето на Мурињо беше прв помошник во клубот. Сепак, Мурињо му порачал дека повеќе нема да биде дел од стручниот штаб затоа што имал афера со жената на братот неколку години претходно.