Неверојатно: Дури и акциите на Манчестер јунајтед пораснаа по отказот на Мурињо!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Веста за заминувањето на Жозе Мурињо од Манчестер јунајтед добро им дојде на управата на гигантот од „Олд Трафорд“, зашто акциите на берзата во Њујорк, за само еден ден скокнале за 6%.

„Ѓаволите“ сезонава беа очајни, па го запишаа најлошиот старт во последните 28 години, а катастрофалните резултати во периодот од август до денес донесоа голема загуба на вредност на клубот од речиси една третина, односно речиси милијарда долари.

Затоа што, пред четири месеци, на берзата во Њујорк, акциите на Јунајтед се продаваа за 27,20 долари, а клубот беше проценет на 3,1 милијарди долари. Сепак, на први октомври, акциите паднаа за 22%, па се продаваа за само 21,12 долари.

Со најновиот пораст од 6%, сега се продаваат 18,39 долари, а вредноста се зголеми за 120 милиони долари.