Мурињо со соопштение: Горд сум што го носев грбот на Манчестер јунајтед!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот тренер на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо имаше соопштение за медиумите, откако доби отказ од англискиот клуб.

„Црвените ѓаволи“ вчера го отпуштија „Специјалниот“ по две ипол години соработка, откако сезонава имаше очајни резултати за клубот.

Да потсетиме, тие го ангажираа Оле Гунар Солскјер, легендата на клубот, како привремено решение и се очекува да остане на „Олд Трафорд“ до крајот на сезоната.

„Горд сум што го носев грбот на Манчестер јунајтед од првиот ден кога стигнав во клубот и мислам дека сите навивачи на Јунајтед се свесни за тоа. Баш како што тоа беше случај со моите претходни клубови, работев со одлични луѓе и верувам дека ќе бидеме пријатели до крајот на животот. Знам дека сите се запознаени со моите професионални принципи. Секој пат кога едно поглавје ќе заврши, чувствувам потреба да покажакм почит кон колегите“, напиша Мурињо.