Јапонецот кој беше „патосиран“ од Мејведер одговори на предизвикот од Мекгрегор (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Откако Флојд Мејведер за само 138 секунди го нокаутираше Теншин Насукава и заработи девет милиони долари, Конор Мекгрегор порача на организаторите дека сака слична борба.

Мекгрегор преку Твитер го предизвика Насукава, но по ММА-правила.

„Сакам да се борам во Токио со Насукава по ММА-правила и тоа пред лето. Ве молам, договорете ја оваа борба“, напиша Ирецот.

Не требаше долго време за да пристигне одговор од Насукава.

„Драг господине Мекгрегор. Ви благодарам што го паметите моето име. Чест ми е што воопшто размислувате за тоа. 58 килограми, кикбокс правила и сигурно ќе се бориме“, напиша Јапонецот.