Ѓоковиќ за Мареј: Јас сум во шок, не знам што би кажал…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ призна дека многу го изненадила најавата на Британецот, Енди Мареј наскоро да ја заврши кариерата поради повредата на колкот.

Мареј низ солзи откри дека Австралија Опен можеби ќе биде неговиот последен турнир.

„Искрено не знаев за најавата на Енди. Ух, не знам што би рекол… Тоа е шок. Иста генерација сме и тажно е да се види низ што минува последниве години. Знам како се чувствува, имав повреда на лактот, со тоа што неговата повреда е потешка“, истакна Ѓоковиќ, а пренесува порталот Тенис Акта.

Тоа е голем ривал, но и пријател на Ноле, па посака со семејството да ужива во иднина.

„Тој е голем шампион, мој пријател, пораснавме заедно и одигравме толку неверојатни натпревари ширум светот. Тажно е да се каже дека изгледа ќе го одигра последниот Австралија Опен“, вели Ѓоковиќ.

Српскиот тенисер на рекордната седма титула во Мелбурн ќе стартува против Американецот, Мичел Кругер, додека Мареј ќе се соочи против Шпанецот, Роберто Баутиста Агуто.