Аријан Адеми го продолжи договорот со Динамо Загреб и упати извинување до Ал Наср


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец, Аријан Адеми го продолжи договорот со Динамо Загреб каде би можел да остане до крајот на кариерата.

Адеми се согласи на нов петгодишен договор со кој најави дека сака да ја заврши кариерата во загребскиот клуб. Сепак, играчот од средниот ред си ја остави вратата подотворена за евентуален трансфер во некоја од Топ 5 лигите доколку пристигне понуда во следниот период.

„Велев дека ќе заминам, но во еден момент видов дека сепак тоа не е вистински пат за мене и затоа се премислив. Овој пат сакам да се извинам на Крунослав Јурчиќ (тренерот на Ал Наср) не беше во ред и професионално тоа што го направив. Ќе останам овде до крајот на кариерата, единствено ако баш има некоја понуда од Топ 5 лигите. Но се остварив како играч на Динамо, играв во Лигата на шампионите. Сигурно дека имам цели во продолжение, сакам да бидам најтрофеен играч на Динамо, да имам најмногу европски настапи…исто така сакам повторно да играм со Динамо во Лигата на шампионите“ –изјави Адеми.