Азар има две опции за да се врати на Островот?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Белгискиот репрезентативец Еден Азар во јануари најверојатно ќе го напушти Реал Мадрид и повторно ќе заигра во Премиерлигата, а за неговата иднина постојат два тима.

„Кралевите“ не се задоволни од Азар за кој очекуваа да биде еден од предводниците на екипата кога го купуваа, но големиот број на повреди му ја уништи кариерата на белгиецот.

Во моментов за потписот на Азар се заинтересирани неговиот поранешен тим Челси, како и Њукасл, кој неодамна доби богати газди и сакаат да изградат моќна екипа.

Реал Мадрид не сака да го задржи Азар, односно планот им е да се ослободат од неговата плата затоа што Карло Анчелоти не смета премногу на него, а претходно и на прес-конференција му ја отвори вратата за излез од Шпанија.