Азар отиде да ги тргне конците по операција, па се воодушеви од потегот на докторот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Паузата поради вирусот сигурно ќе му дојде добро на Еден Азар, кој се повреди пред еден месец во мечот меѓу Леванте и Реал Мадрид.

Белгиецот пред неколку недели мораше да оди на операција поради напукната потколеница на десната нога, па не беше јасно дали ќе се врати до крајот на сезоната.

Азар според првите прогнози требаше да го пропушти и Европското првенство, но пандемијата гоа го промени и сега Белгиецот се наоѓа во домашна изолација.

Белгиецот оди само на преглед кога е тоа потребно, а вчера отиде да му ги извадат конците кои ги доби по операцијата. Но, кога стигна во клиниката виде дека докторите само поради него порачале дезинфекција на цела зграда.