Баерн Минхен му понуди нов договор на Ноер, но Германецот не е задоволен!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Компликациите за продолжување на соработката на 34-годишниот Мануел Ноер траат веќе одредено време, а менаџерот на голманот кажа дека неговиот клиент бара договор од 20 милиони евра по сезона.

Сепак, во раководството на германскиот гигант немаат намера да му понудат толку пари. Тие му понудиле тригодшна соработка и плата од 12 милиони евра по сезона.

Меѓутоа, Ноер сака подолг договор, односно соработка до 2024 година и подготвен е да ги прифати понудените финасиски услови ако тие го испочитуваат неговото барање.

„Сакам да играм ако бидам здрав, но најважна ми е довербата. Јасно ми е дека премногу е да се бара петгодишен договор, но имам 34 години и не можам да предвидам дали ќе бранам до 39 години“, кажа неодамна Ноер.