Бајиќ нема да замине за Тбилиси со кошаркарите, зашто е позитивен на ковид-19


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Драган Бајиќ е голема малер бидејќи во неколку дена доби две лоши информации. Најпрво не можеше да патува со кошаркарите затоа што доби забрана за влез во Косово, а потоа откри и дека е позитивен на ковид-19.

Ова значи дека Бајиќ нема да може да замине во Тбилиси, каде што македонските кошаркари ќе играат против Грузија.

Засега не е познато кој ќе ги предводи кошаркарите и на натпреварот во салата „Јане Сандански“, која е закажана за 27 февруари.

Македонија во воведните две кола загуби двапати, и тоа од фаворитите Шпанија и Украина.