Балотели си најде нов клуб, во понеделник оди на медицински прегледи!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Марио Балотели како слободен фудбалер конечно ќе потпише договор со нов тим, и тоа Монца, која се натпреварува во Серија Б.

Новинарот Фабрицио Романо од „Скај Спорт“ вели дека Балотели одбил да се пресели во Васко де Гама и ќе се приклучи на Монца, која ја предводат поранешните први луѓе на Милан, Силвио Берлускони и Адриано Галијани.

Интересно е тоа што неодамна за Монца потпиша и поранешниот фудбалер на Милан, Кевин Принц Боатенг.

Последниот ангажман кој го имаше Балотели беше во Бреша, но поради неговите статови и лошото однесување му беше раскинат договорот.