Барселона се корегираше: Каталонците со нов дрес ги воодушевија фановите (ФОТО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Пред неколку месеци Барселона ги разочара навивачите со дизајнот на дресот за сезонава. Каталонците решија да имаат дизајн со коцки за првпат и тоа не им се допадна на навивачите.

Меѓутоа, шпанскиот шампион реши да се искупи и за следната сезона ќе има дрес, кој ги остави навивачите без здив.

Каталонски „Спорт“ објави ексклузивна фотографија од дресот, во кој најверојатно Барселона ќе настапува следната сезона.

Дизајност веднаш ги израдува навивачите на Барселона, а многумина порачаа дека тоа ќе биде најубав во последните десет години.

Тој е инспириран од легендарниот дрес од 1920 година од почетокот на златната ера која ја одбележаа многу фудбалери.