Барселона се откажа од намерата за Ангажман на Обамејанг, Габонецот сепак си оди од Арсенал


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Иако се веруваше дека Барселона е заинтересирана во своите редови да го донесе Пјер Емерик Обамејанг од Арсенал, сепак изгледа тоа нема да се случи.

Имено, како што пишува „Дејли Мејл“ каталонскиот тим нема да тргне по услугите на Габонецот и наместо тоа ќе се обиде да го донесе Лаутаро Мартинез на „Камп Ноу“.

Токму Интер кој би го продал Лаутаро на Барселона би можел да биде заинтересиран за игачот кој и оваа сезона е најдобар играч на Арсенал.

За Обамејанг освен од Интер има интерес и од Манчестер Јунајтед кој сака да се засили во офанзивата.