Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Герет Бејл не успеа да реализира заминување од Реал Мадрид и ќе остане во клубот најмалку до јануари.
Велшанецот покажа дека може да биде клучен играч за „кралевите“ на последниот натпревар против Вилијареал.
Сепак, фудбалерот во интервју за „Скај Спортс“ посочи дека во моментов не е среќен кога игра фудбал и повторно ја разбранува фудбалската јавност.
„Би рекол дека кога сега играм не сум среќен, но сепак играм, а кога играм јас сум професионалец и секогаш го давам максимумот. Сигурен сум дека ќе има уште многу турбуленции. Верувам дека тоа е нешто за што ќе треба да зборувате со Реал Мадрид“ –изјава Герет Бејл.