Белгија и одржа лекција на Ирска – Два погодоци на Лукаку


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Репрезентацијата на Белгија ја совлада Ирска со 3:0.

Белгијците тргнаа одлично во натпреварот. Алдервеирелд после корнер шутираше, но не беше прецизен. Потоа Азар од блиску пропушти одлична шанса за погодок. Најголемата шанса Белгија во првото полувреме ја имаше Алдервеирелд во 43-та минута кога со глава шутираше одлично, но Вес Хулахан ја исфрли топката од гол-линија. На стартот на второто полувреме Ромелу Лукаку од 17 метри ја затресе мрежата на Ирска и донесе водство на Белгија. 61-ва минута и нов погодок, стрелец Аксел Витсел со глава. Само 9 минути после погодокот на Витсел по трет пат се затресе мрежата на Ирска. Азар фантастично асистираше, а Лукаку го постигна вториот погодок на натпреварот. Ирците ништо не покажаа на овој натпревар и натпреварот заврши со резултат 3:0.