Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Голманот на Хрватска Даниел Субашиќ беше, јасно, тажен и разочаран после поразот од Португалија.
Во очаен натпревар Хрватска падна на три минути пред крајот од второто продолжение.
Се очекуваше пенали, а тогаш возбудувања – статива на Перишиќ, на другата страна Субашиќ го брани ударот на Роналдо, но Кварезма натрчува и со глава ја испраќа топката во мрежата.
„Бевме подобри отколку тие. Што е тоа е. Кога нема да ги искористиш шансите ќе примиш гол. Ги вративме овие луѓе, никој не беше со нас кога тргнавме. Ги вративме навивачите со својата игра. Не знам што можеме да очекуваме во иднина. Мораме да се квалификуваме на ново големо натпреварување“, рече Субашиќ.
Португалија во четвртфиналето на ЕВРО, предводени од Кристијано Роналдо, ќе игра против Полска.