Бизарна ситуација на „Ванда Метрополитано“: Автобус на Ливерпул заглави во тунел (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ливерпул денеска тргна кон стадионот „Ванда Метрополитано“ во Мадрид, но се соочи со неочекувани проблеми.

Автобусот на англискиот тим заглави во тунелот под стадионот, а на снимката може да се види како една личност се обидува да откри зошто возилото е заглавено.

На социјалната мрежа Твитер се појави информација, која потврдува дека автобусот заглавил на рампата, која се наоѓа на тунелот.

Новинарот Крис Чемберс на својот профил откри дека автобусот, сепак, на крајот се извлекол.

„Тимскиот автобус на Ливерпул конечно замина кон стадионот, откако беше заглавен на рампа речиси еден час“, вели новинарот.