Бјелица разочаран по поразот од Аргентина: Играв како го*но, луѓе извинете!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Српските кошаркари загубија во четвртфиналето на Светското првенство од Аргентина со 87-97, па така останаа без шанси за медал.

Многумина се надеваа дека Србија може да стигне до финалето, а еден од нив е Немања Бјелица, но тоа не се оствари.

„Тежок пораз за нас, сакам да им се извинам на сите луѓе во нашата земја кои веруваа во нас. Можеби сме подобри од Аргентина, но тие ја сакаа повеќе победата од нас и на крајот ја добија. Ние не бевме подготвени. Морам да кажам дека игравм како го*но. Ние плачевме додека ги гледавме како слават пласман во полуфинале“, кажа Бјелица.