Борко му честиташе на Пелистер за освоената титула


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Пелистер ја освои титулата во ракометното првенство, а голманот на Вардар, Борко Ристовски му честиташе на ривалот од Битола за успехот.

Ристовски преку социјалните мрежи испрати порака до Пелистер.

„Треба да се биде чесен и искрен и да се честита за титулата. Пелистер заслужено е шампион“, напиша Борко на Инстаграм.

Пелистер по 18 години успеа да ја израдува Битола и стана шампион на Македонија.