Брестовац: И мене ми е срам да губиме со 20 разлика, но се трудам да направам нешто!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Македонскиот селектор Данило Брестовац зборуваше пред новинарите за мечот против Русија во главната фаза од Светското првенство во Египет.

Македонија загуби со 10 голови разлика од Словенија, но играта во првото полувреме покажа дека македонските ракометари имаат потенцијал.

„Не сме доволно физички спремни за ваков турнирски систем, заморот се чувствува кај играчите, се гледаат и ситни повреди…Евидентно дека повеќето играчи имаат малку натпревари во оваа полусезона, а тука играме со квалитетни ривали. Веднаш се забележува кога на терен ќе излезе некој кој играл натпревари и кога ротираш доаѓа промената. Мора да ротираме, да ја прошириме клупата, промените ќе болат, но тоа е тоа…И мене ми е срам да губиме 20 разлика, но се трудам направам нешто. Со Русија ќе биде тешко, тие физички се посилни, ако судиите дозволат груба игра ќе загубиме. Ако бидеме заштитени во некои дуели ќе бидам среќен, се надевам на позитивен резултат“, вели Брестовац.

Русиај и Македонија играат утре со почеток од 15:30 часот.