Брестовац направи една измена за мечот против Чиле!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонската ракометна репрезентација мора да слави против Чиле ако сака да се пласира во следната фаза од Светското првенство (СП) во Египет.

Македонија катастрофално го почна СП, па запиша порази против Шведска и Египет, а денеска мора да го победиме Чиле ако сакаме пласман во следната фаза.

Во однос на претходните два натпревари селекторот Данило Брестовац денес се реши да направи една измена во составот. Горан Крстевски ќе биде во составот на местото на Дарко Георгиевски. Покрај Георгиевски надвор од составот ќе бидат Михајло Младеновиќ, Мартин Серафимов и голманот Никола Даниловски.

Натпреварот започнува во 15:30 часот.