Буфон добил понуда од 15 милиони евра


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот италијански голман Џанлуиџи Буфон има договор со Парма, но добил понуда да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија.

Буфон треба наскоро да донесе одлука за тоа дали ќе ја заврши кариерата или ќе прифати трансфер во С. Арабија, каде што му нудат 15 милиони евра по сезона.

Италијанскиот чувар на мрежата досега играше за Парма, Јувентус и ПСЖ, а го бранеше и голот на италијанската репрезентација.

Буфон со Јувентус освои 10 титули во Серија А, а исто така три пати играше во финале на Лигата на шампиони.