Буфон за трансферот во Парма: Не сакам повеќе да бидам резерва!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот италијански голман Џанлуиџи Буфон неодамна потпиша за Парма, каде што најверојатно ќе ја заврши фудбалската кариера.

Буфон се врати во неговиот матичен клуб, иако имал понуди од два европски гиганти, но решил дека Парма е најдобар избор за него бидејќи ќе добие шанса во првиот тим.

„Парма ми понуди нешто што другите не можеа. Имав понуди од два клуба, од кои еден играше во Лига на шампиони, но јас не можам повеќе да бидам резерва. На крајот, за овој тим имам и посебни чувства“, кажа Буфон.