Бугарски репрезентативец: Зарем треба да се плашиме од репрезентации како Македонија!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонија на 2 јуни ќе ги почне возбудувањта во Лигата на нации, а прв противник ни е Бугарија во Разград во рамки на Ц-дивизијата, каде што уште се и Грузија и Гибралтар.

Бугарската јавност се плаши од лош квалификациски циклус за нивните фудбалери, но сепак талентираниот бугарски репрезентативец Филип Крастев верува дека без проблеми ќе ги минат останатите репрезентации во групата.

„Имаме сила за следните предизвици. Знам дека имавме лоши моменти и настапи, но тоа ќе се промени и ќе ја вратиме старата слава на Бугарија. Зарем треба да се плашиме од репрезентации како Грузија и Македонија!?“, вели Крастев.