Червар го возврати ударот: Циндриќ лаже, Металург ми должи многу пари!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лино Червар почна вербална војна со Лука Циндриќ по Светското првенство (СП) во Египет. Ракометарот се повреди и не можеше да им помогне на сонародниците.

Червар се пожали дека никогаш Циндриќ не може да му помогне кога има потреба, па ракометарот одговори со тоа што го обвини дека поради тренерот и Металург тој за малку ќе ја завршел кариерата.

Червар продолжи со вербалната војна и испрати нова порака преку хрватски „Индекс“.

„Циндриќ кажува лаги. Него му е уништена кариерата? Па мене Металург не ми врати ништо, тие ми должат многу пари. Не знам на него дали му ги вратиле, но на мене – не. Циндриќ го сакам и не жалам поради ништо. Некои ме нарекуваат губитник, меѓутоа никој не може да ги негира резултатите“, вели Циндриќ.