Четири тима од Премиер лигата заинтересирани за откровението на сезоната од Германија

Најпознатиот германски медиум „Билд“ пренесува дека четирите најсилни тимови од Англија се заинтересирани за младиот напаѓач на Баер Леверкузен, Каи Хаверц.

Манчестер Јунајтед, Ливерпул, Челси и Манчестер Сити се заинтересирани за ангажман на играчот кој игра одлично во дресот на „фармацевтите“.

Трансферот би се случил следното лето и како што пренесуваат германските медиуми воопшто нема да биде евтин,па ќе чини околу 80 милиони евра.