Чилиќ му го спаси првото место на Ѓоковиќ: Ноле треба да ме почести кафе или пиво!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Хрватскиот тенисер Марин Чилиќ направи големо изненадување на Ролан Гарос, откако го елиминираше Данил Медведев од осминафиналето со 3-0 во сетови, односно 6-1, 6-3 и 6-2.

Чилиќ го пофали Медведев, кој немаше решение за хрватскиот тенисер, а исто така му го спаси првото место на Новак Ѓоковиќ на АТП-листата.

Хрватот по дуелот со Медведев се пошегува дека од Ѓоковиќ не бара многу за возврат, туку една пијачка поради тоа што му помогна да остане на тронот.

„Треба да ме почести едно кафе или пиво“, се пошегува Чилиќ.

Чилиќ во следното коло игра против Андреј Рубљев, додека Ѓоковиќ вечерва игра против Рафаел Надал.